Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека ЈП Комуналец на 32 локации во градот постави метални канти за фрлање на пепел, веднаш до контејнерите. Се замолуваат граѓаните пепелта да ја фрлаат во нив за да се избегне палење и уништување на контејнерите за смет.
АПЕЛ: Комињето и шутот да се носат на депонијата
Апел до граѓаните на општина Кавадарци. Се апелира и замолува до граѓаните, комињето и шутот да се носат на депонијата, а не да го исфрлаат во контејнерите од 1.1m3 бидејќи ѓубрарките не можат да се подигнат, истите се оштетуваат и се празнат рачно.
Реновирање на објектот за наплата на градски Зелен Пазар
Се известуваат граѓаните на општина Кавадарци дека од ден 24.10.2017 поради реновирање на објектот за наплата на градски Зелен Пазар, наплатната служба на ЈП КОМУНАЛЕЦ КАВАДАРЦИ нема да биде во можност да врши наплата на сметки се до завршување на реновирањето и санацијата на објектот.